ФРАНЦУЗИНОТ Е ДОБРО „СНИМЕН“ ОД ЕКС ИГРАЧОТ НА ЈУНАЈТЕД

Ако мисли дека се доволни некои глупи трикови, тогаш е идиот!

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Инс, нема нималку разбирање за лошите игри на тимот на Жозе Мурињо, а пособено за однесувањето на Пол Погба...

објавено: 7 декември 2018 - 16:00

Францускиот репрезентативец во ремито против Арсенал (2:2) во игра влезе во 75.минута од играта, и повторно не направи ништо конкретно за тимот.

„Погба е донесен како играч од светска класа. Но сега изгледа просечно. Ако мисли дека неговото е само да излезе на теренот, и да направи неколку глупи трикови, тогаш е идиот"- не бираше зборови Инс.

Некогашниот англиски репрезентативец наведува и тоа, дека однесувањњето на Французинот е доказ дека сака да го напушти „Олд Трафорд".

„Неговиот однос спрема навивачите ми говори дека сака да си замине. Дека едвај чека да си оди од клубот. Погледнете го Андре Ерера. Не е најдобриот на светот, но знае што значи зборот Јунајтед. Сфаќа што значи да се игра за Јунајтед, и навистина сака да победи по секоја цена. Тој има желба која Лукаку и посебно Погба, ја немаат".

Инс посвети и неколку зборови за напаѓачот од Белгија.

„Ако се напаѓач, и не постигнувате голови, која е тогаш вашата улога? Кога не постигнувате голови, тогаш треба да ве заменат. Неговата самодоверба не е на високо ниво. Но Мурињо мора да мисли на екипата. Јунајтед е на осмото место, тоа е срамота" – јасен е Инс.

Клубот од „Олд Трафорд" освои 23.бода во 15.средби, и има 18.бодови помалку од водечкиот Манчестер Сити.

Најново во Меѓународен Фудбал