ПРОСЛАВЕНИОТ МЕНАЏЕР ОД „ОЛД ТРАФОРД“

Алекс Фергусон се враќа во Манчестер Јунајтед!

Легендарниот Ферги е подготвен да прифати секаква улога со цел да им помогне на „црвените ѓаволи" да се стабилизираат во наредниот период.

објавено: 24 декември 2018 - 10:00

Информациите велат Сер Алекс Фергусон би требало да биде советник на повремениот менаџер Оле Гунар Солскјер кој и своевремено го тренираше. Британските медиуми исто така пренесуваат дека Фергусон бил и главниот заговорник Норвежанецот да го замени португалскиот „Специјалист".

Првото нешто што Солскјер прави е и Фергусон да биде вклучен во случувањата, а тоа е нешто што Португалецот никогаш не го практикувал.

Фергусон (76) оваа година имаше големи проблеми со здравјето, во мај имаше операција поради крварење на мозокот. Еден период помина во болница, а потоа се врати на трибините.

Да додадеме уште дека се шпекулира наредното лето 2019 Манчестер Јунајтед да биде предводен од француската легенда Зинедин Зидан.

Најново во Меѓународен Фудбал