СЕ ОЧЕКУВА ДА СИ ЗАМИНЕ ОД АРСЕНАЛ

Алексис Санчез си најде нов клуб

Се очекува Чилеанецот да се врати во Шпанија

објавено: 1 март 2017 - 19:25

За доведување на Алексис Санчез беа најзаинтересирани Пари Сен Жермен, Јувентус, Интер и Милан, но сјајниот Чилеанец може кариерата да ја продолжи во Шпанија. И тоа не во Реал Мадрид или Барселона, туку во тимот на Севилја. 

Тренерот на Севилја, Жорге Сампаоли и Санчез се одлични пријатели и токму тоа треба да биде конекцијата за заминување на Чилеанецот во андалузискиот тим. Сампаоли четири години беше селектор на Чиле и под негово водство, Санчез и останатите се радуваа на титулата во Копа Америка, што е најголем репрезентативен успех. 

Санчез со месеци преговара за нов договор со Арсенал, но засега нема компромис. „Топчиите“ му даваат 200.000 фунти неделно, а тој бара 300.000 фунти. Доколку не дојде до договор, Санчез се очекува да си замине од лондонскиот тим. 

Најново во Меѓународен Фудбал