ПРВ МЕЧ СЕЗОНАВА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА, МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД-ЛЕСТЕР

Анализа и типување: Можат ли „ѓаволите“ да ги скротат „лисиците“?

Овој викенд започнува најдобрата лига во светот - англиската Премиерлига. Сезоната се отвора со дуелот Манчестер Јунајтед и Лестер денеска од 21:00 часот на „Олд Трафорд".

објавено: 10 август 2018 - 11:18

Она што е особено интересно е дека по многу години првото коло ќе се игра од петок. Црвените „ѓаволи" во минатата сезона завршија на второто место, далеку зад градскиот ривал Манчестер Сити, додека „лисиците" на крајот беа на деветтата позиција. Јунајтед играше и во финалето на ФА Купот во кое беше поразен, а лани во меѓусебните средби Јунајтед дома славеше со 2:0, а во вториот натпревар кога домаќин беше шампионот пред три сезони, резултатот гласеше 2:2.

-Манчестер Јунајтед: Можат ли црвените „ѓаволи" после долго време да се закити со титулата?-

-Лестер: Секако тука е Варди, но колку „лисиците" ќе го почувствуваат недостатокот на Марез?-

Лани рано испадна од трката, а и во оваа сезона целта на Жозе Мурињо ќе биде титулата, но е свесен дека ќе мора да нападне со сите сили, бидејќи конкуренцијата е голема и потешка. Од друга страна, Лестер лани одигра солидно, а и сезонава ќе имаат слични амбиции, би биле задоволни со пласман на средината од табелата. „Лисиците" влегуваат значително ослабени, бидејќи нивниот најдобар играч Марез се пресели во Сити, секако радува само останувањето на Џејми Варди во делот на нападот.

Премиерлига 2018/2019
Манчестер Јунајтед-Лестер

Тип: 1
Квота: 1.55
Обложувалница: Мozzartsport

Што се однесува до вечерашниот дуел, би требало Јунајтед уште од самиот старт да тргне победнички пред домашните навивачи, односно е многу важно да се почне сезоната со три бода, а и самата квота не изгледа лоша.

-ВЕРОЈАТНИ ПОЧЕТНИ СОСТАВИ НА ДВАТА ТИМА -

Манчестер Јунајтед: Де Геа, Смолинг, Дармијан, Бејли, Шо, Ерера, Фред, Переира, Мата, Решфорд, Санчез.

Лестер: Шмајхле, Перејра, Морган, Еванс, Фукс, Ндиди, Ибора, Греј, Медисон, Албригтон, Ихеаначо.

Најново во Меѓународен Фудбал