Кога доаѓа зимскиот преоден рок

Англичаните сè без компас: Во последните 10 години потрошиле повеќе од 1,4 милијарди евра на трансфери

Англиските премиерлигаши не штедат, статистиката покажува дека во зимскиот преоден рок фрлаат голема сума на пари. 

објавено: 3 јануари 2017 - 17:55

Според статистиката, англиските клубови дефинитивно се без компас кога станува збор зимскиот преоден рок. Во последните 10 години имаат потрошено над 1,4 милијарди евра. Најмногу пари имаат дадено во јануари 2011 година, околу 250 милиони евра. Во овој период се случи најголемиот трансфер, Фернандо Торес од редовите на Ливерпул премина во Челзи за сума од 58,5 милиони евра.

Истата година се случија уште два големи трансфери. Енди Керол од Њукасл се пресели во Ливерпул за 38 милиони евра, а на „Енфилд" пристигна Луис Суарез од Ајакс за 25 милиони евра. Втор на листата на јануарскиот трансфер се најде Хуан Мата, кој од Челзи замина во Манчестер во 2014 година за 44,7 милиони евра.

Меѓу најскапите трансфери се вборјува и Хуан Квадрадо, кој во 2015 година од Интер се пресели во Челзи за 26 милиони евра. Минатата година, Стоук Сити го купи белгискиот фудбалер, Жанел Имбулу. На Порто му искешира 20 милиони евра.

И за овој зимскиот преоден рок се очекува челниците на премиерлигашите да го одврзат кесето и да потрошат голема сума на пари.

Најново во Меѓународен Фудбал