КРИСТАЛ ПАЛАС Е БЕЗ ГОЛОВИ, И БЕЗ БОДОВИ...

АНГЛИЈА НЕ ПАМЕТИ ПОГОЛЕМИ „ЛУЗЕРИ", а и во Европа нема полоши од нив!

Нели се случи нешто во скоро време, тогаш и дефинитивно ќе (до)знаеме кој тим нема да го гледаме во наредната сезона од Премиер лигата.

објавено: 1 октомври 2017 - 12:00

Вчера, Кристал Палас беше декласиран од Манчестер Јунајтед. На „Олд трафорд" беше (4:0) за „црвените ѓаволи". Би се рекло и ништо ново, по што веројатно и на оние најоптимистички настроени навивачи на Кристал Палас им станува јасно дека клубот го има најлошиот старт во историјата.

Во првите четири кола Франк Де Бур го водеше Палас. Но доживеа четири порази а неговиот тим не даде ниту еден гол. Место него дојде Рој Хоџсон, но ниту тој не помага.
Продолжена е серијата на очајни резултати, а и понатаму Кристал Палас не може да ја погоди противничката мрежа.
Па според тоа се и единствените во оние 20 најсилни европски лиги.
И понатаму Палас е и без гол и без бод, и е последен во конкуренција на 313 тимови!!!
Вклучувајќи го и оној завршен дел од минатата сезона, Палас не дал гол на 11 од последните 12 мечеви во Премиер лигата.
И кој знае кога тимот на Хоџсон ќе ја запише првата победа, односно ќе даде гол, затоа што по репрезентативната пауза го дочекува Челзи (вчера загуби дома од Манчестер Сити), па оди во Њукасл (кој игра се подобро), па дома го дочекува Вест Хем (се бори за секој бод), и за кратко време патува за Лондон, на гости кај феноменалнито состав на Тотенхем.
Распоредот е доста тежок, тимот е некомплетиран, нема игра, се мириса на втора лига за Кристал Палас.
Премалку за екипа во која има навистина одлични фудбалери како Кристијан Бентеке, Мамаду Сако, Јоха Кабаје, Вилфред Заха, Рубен Лофтус-Чик, Едрос Таусенд...

Најново во Меѓународен Фудбал