Францускиот менаџер е минато според букмејкерите во Англија

Анри е прв пик за наследник на Венгер, во трка се и Анчелоти и Симеоне

Тјери Анри е прв пик за наследник на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, а во трка се и искусните волци Карло Анчелоти и Диего Симеоне

објавено: 19 март 2018 - 22:30

Тјери Анри е прв пик за наследник на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, а во трка се и искусните волци Карло Анчелоти и Диего Симеоне.

Букмејкерите во Англија сметаат дека ерата на Венгер е завршена, без разлика на тоа дали ќе успее да ја освои Европа Лигата, па составија листа од пет кандидати, како можни наследници на Французинот.

Прв фаворит е Анри, по него се Анчелоти и Симеоне, а засега сепак далеку од клупата на „топчиите“ се Јоаким Лев и Роберто Мартинез, како четврта и петта опција.

Најново во Меѓународен Фудбал