Шокантна вест за навивачите на „чеканите“

Арнаутовиќ по секоја цена сака да си оди од Вест Хем

Понудата која стигна од Кина ги возбуди страстите во Вест Хем. Клубот не сака да ја прифати, Арнаутовиќ не сака да ја пропушти.

објавено: 10 јануари 2019 - 21:00

Австрискиот фудбалски репрезентативец Марко Арнаутовиќ ja шокираше англиската јавност, особено фановите на екипата на Вест Хем, откако денеска побарал од клупското раководство да му дозволи да си замине од клубот.

Според информациите, „чеканите“ одбиле понуда од 35 милиони фунти од неименуван кинески клуб за услугите на Арнаутовиќ, а фудбалерот бил гневен на одлуката на клупското раководство. Тој веднаш побарал состанок на кој ги информирал дека сака да си оди.

Кинезите, според информациите кои кружат, на Арнаутовиќ му понудиле 220.000 евра неделна плата, која Австриецот не сака да ја пропушти.

„Марко сака да оди на нов пазар и да се бори за титула. Тоа е она што го интересира. Негова желба е Вест Хем да ја прифати понудата од Кина“, изјавил неговиот брат Даниел, кој е и негов менаџер.

Најново во Меѓународен Фудбал