„Топчиите“ ја заменија „Пума“ со „Адидас“

Арсенал потпиша трет најголем договор за спортска опрема во историјата

Договорот стапува во сила од 1 јули 2019 година и ќе носи по 60 милиони фунти годишно во клупската каса се до 2024 година.

објавено: 8 октомври 2018 - 20:00

Англиски Арсенал гo потпиша третиот најголем договор за спортска опрема во историјата, откако парафира официјално 5-годишен договор со германскиот концерн "Адидас". Договорот стапува во сила од 1 јули 2019 година и ќе носи по 60 милиони фунти годишно во клупската каса се до 2024 година. „Адидас“ во моментов дава повеќе пари годишно само во Манчестер Јунајтед - по 75 милиони фунти од сезона.

Рекордер во овој поглед е шампионот на Шпанија Барселона кој годишно добива по 140 милиони фунти од "Најк". Арсенал имаше договор со Пума во последните пет сезони, а во претходните две децении играчите на тимот беа облечени од „Најк“. Меѓу 1986 и 1994 година, кога Арсенал двапати ја освои титулата во Англија, клубот беше дел од семејството „Адидас“.

Најново во Меѓународен Фудбал