ВИСТИНСКИ ПРЕДИЗВИК ЗА НОВИОТ МЕНАЏЕР ЕМЕРИ

Арсенал со пеколен старт: Сити, па Челзи на стартот од Премиерлигата

Една од најквалитетните европски фудбалски шампионати, новата натпреварувачка сезона 2018/2019 од Премиерлигата официјално ќе започне на 11. август, а во дербито на првото коло шампионот Манчестер Сити ќе биде гости на Арсенал.

објавено: 14 јуни 2018 - 11:44

Тотенхем на почетокот од првенството ќе му гостува на Њукасл, а потоа ќе го пречека Фулам на „Вембли". Првиот меч на новиот стадион ќе се одигра после репрезентативната пауза на 15. септември против Ливерпул.

Така, екипата на Маурисио Покетино ќе биде првата во Премиерлигата со два домашни стадиони, додека Манчестер Јунајтед предводен од Жозе Мурињо на „Олд Трафорд" ќе ги одмери силите против поранешниот првак Лестер.

Целиот распоред за новата сезона на Премиерлигата може да го видите ТУКА

Премиерлига 2018/2019

Двојки, прво коло (11-12 август):
Арсенал-Манчестер Сити
Борнмут-Кардиф
Фулам-Кристал Палас
Хадерсфилд-Челзи
Ливерпул-Вест Хем
Манчестер Јунајтед-Лестер
Њукасл-Тотенхем
Саутемптон-Барнли
Вотфорд-Брајтон
Вулверхемптон-Евертон

 

Најново во Меѓународен Фудбал