Белгиецот уште еднаш проговори за својата иднина

Азар: Понекогаш се будам со помислата да одам во Реал

Најдобриот фудбалер на Челзи повторно ја бранува јавноста во Англија. Во изјава по мечот со Саутемптон, призна дека размислува за заминување во Реал (М).

објавено: 8 октомври 2018 - 18:15

Едеn Азар продолжува да ја бранува фудбалската јавност со своите изјави поврзани со екипата на Реал Мадрид. Фудбалерот на Челзи повторно ги отвори своите чувства кон европскиот клупски шампион, а тоа се случи по победата на "сините" од 3:0 против Саутемптон на дуелот во неделата.

„Реал Мадрид е најдобриот тим на светот. Не сакам да лажам, од дете сонував да играм за овој тим. Не сакам да зборувам на оваа тема секој ден, но ќе коментираме наскоро за мојата иднина. Секако, го сакам најдоброто за себе, но го сакам и најдоброто за клубот кој ми даде сè. Не сакам да кажам дека ќе потпишам нов договор, а потоа тоа да не е така. Понекогаш се будам и си велам дека сакам да си заминам. Друг пат мислам дека сакам да останам“, изјави Азар.

Белгискиот репрезентативец е поврзуван за трансфер во Реал Мадрид следното лето, но засега во челзи не сакаат да помислат на оваа тема.

Најново во Меѓународен Фудбал