НОВА ГОЛЕМА КАЗНА ЗА КОНТРОВЕРЗНИОТ АНГЛИЧАНЕЦ

Бартон 18 месеци ќе биде надвор од фудбалот

Играчот е казнет поради обложување

објавено: 26 април 2017 - 16:30

Играчот за врска на Барнли, Џое Бартон ќе биде надвор од фудбалот во следните 18 месеци. Освен суспензијата, тој е казнет и со 30.000 фунти. Оваа висока казна доаѓа поради тоа што фудбалерот нелегално се обложувал. 

Бартон е фатен како се обложува на фудбалски мечеви во последниве неколку години, а тоа е сериозен прекршок според фудбалската асицијација на Англија. Бартон најави дека ќе се жали на ваквата одлука. 

„Оваа одлука ќе ме принуди да се повлечам од фудбалот порано отколку што планирав. Признавам дека ги прекршив правилата, но сепак казната е многу голема. Разочаран сум од оваа одлука“, рече Бартон, кој има 34 години.

Во кариерата тој има играно за Манчестер Сити, Њукасл, КПР, Олимпик Марсеј, Ренџерс и Барнли. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал