ШПАНЕЦОТ СО СИГУРНА ИДНИНА

Белерин продолжи со Арсенал

Шпанскиот дефанзивец Ектор Белерин го продолжи договорот со Арсенал, зацврстувајќи го своето место во првиот тим на „топчиите"

објавено: 21 ноември 2016 - 18:15

21-годишниот Белерин дојде во Арсенал во 2011 година, по што во јули 2015 година потпиша долгогодишен договор. Меѓутоа, тој беше поврзуван со трансфер во неговиот поранешен клуб Барселона, но и со англиските гиганти Манчестер сити.

„Тука сум долго време и чувствувам дека ова е мојот дом и дека е исправно да останам тука. Среќен сум што ќе бидам во Арсенал уште многу години“, вели Белерин.

Клубот не ги даде деталите за договорот, но се верува дека се работи за шестгодишен договор со кој Белерин ќе заработува 95.000 фунти неделно.

Најново во Меѓународен Фудбал