БУГАРСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА „ОЛД ТРАФОРД“

Бербатов сака да биде менаџер на Манчестер Јунајтед!

Димитар Бербатов се уште не го објавил крајот на својата кариера, но веќе мисли што сака да прави понатаму. Легендарниот напаѓач не крие дека сака да биде менаџер и да работи во Англија каде што своевремено настапуваше за Тотенхем, Манчестер јунајтед и Фулам.

објавено: 21 декември 2018 - 11:30

Бербатов за „Бетфер" направи анализа на ситуацијата во Јунајтед поврзана со разрешувањето на Жозе Мурињо и назначувањето на поранешниот играч, Оле Гунар Солскјер.

„Многу малку се избраните кои почнуваат директно од голем клуб - Пеп Гвардиола и Зинедин Зидан го покажаа тоа во Барселона и Реал Мадрид. Кој знае, можеби некој ден и јас ќе го водам Манчестер Јунајтед", рече Бербатов.

Тој додаде дека работи на добивање на тренерска лиценца и е амбициозен да се впушти во оваа област.

„Сум бил во најголемиот клуб во светот и знам колку се амбициозни луѓето во него. Се гледам себеси еден ден во оваа улога на „Олд Трафорд" да го водам тимот од клупата. Моето срце останува во Премиер лигата и мојата главна цел е да работам во Премиер лигата", додаде бугарскиот напаѓач.

Тој го опиша новиот менаџер на Јунајтед Солскјер како човек со суптилност и му посака успех. Според Бербатов, Норвежанецот има потреба од таква отскочна штица во неговата кариера.

„Го познавам, работевме заедно во Јунајтед, кога тој беше тренер во мојата прв сезона. Ми помагаше во тренинзите кога работевме на мојот завршен удар".

Бербатов заврши со надеж дека „црвените ѓаволи" ќе успеат да се изборат за место во Топ 4 во конечниот пласман во најквалитетната англиска фудбалска лига.

Да додадеме уште дека Бербатов за Манчестер Јунајтед од 2008-2012 година имаше 108 натпревари и 48 голови, со две титули во Премиерлигата, по еден трофеј во Лига купот, ФА Комјунити Шилд и ФИФА Светското клупско првенство.

Најново во Меѓународен Фудбал