На Хрватот пак му се тресе столчето

Билиќ ги пакува куферите, Вагнер ќе го менува во Вест Хем

Славен Билиќ повторно е пред отказ во Вест Хем, а англискиот медиуми објавија дека веќе му е најдена замена 

објавено: 7 април 2017 - 13:45

Славен Билиќ повторно е пред отказ во Вест Хем, а англискиот медиуми објавија дека веќе му е најдена замена. 

Клубот од Лондон се повеќе се приближува до опасната зона за испаѓање од Премиерлигата, па според планот на раковдството треба да се најде рецепт за да се избегне најлошото. Жешкиот костен веројатно ќе се најде во рацете на некој од помошниците на Билиќ, за да се истурка сезоната, а потоа целта ќе биде ангажман на Давид Вагнер. Сегашниот менаџер на Хадерсфилд, кој прави чуда со третопласираната екипа во Чемпиопншип лигата на Англија.

Според многумина Хадерсфилд игра најубав фудбал во Втората по ранг лига во Англија, а интересно е што Вагнер му е кум на Јирген Клоп.  

Најново во Меѓународен Фудбал