НЕВЕРОЈАТНО, НО ВИСТИНИТО

Борнмут ќе го „спасува“ Џон Тери?

Легендата на англискиот фудбал и капитен на Челзи може во овој преоден рок да биде даден на позајмица во тимот ќе е во долниот дел од табелата во Премиерлигата

објавено: 11 јануари 2017 - 08:24

Неверојатен трансфер може да се случи во Англија. Според најавите, екипата на Борнмут дала официјална понуда за купување на капитенот на Челзи, Џон Тери. Од малиот англиски Премиерлигаш сакаат да го доведат дефанзивецот на позајмија во јануарскиот преоден рок. 

Од почетокот на сезонава, Тери одигра само шест меча за тимот од „Стемфорд Бриџ“. Во еден момент беше прекомандуван дури и во Б тимот, каде одигра еден меч со младинците. И покрај тоа што ретко игра, Тери тешко дека ќе си замине. 

Челзи е лидер во првенството, а Тери на крајот од сезоната може да го крене шампионскиот пехар. Сигурно тоа задоволство не би го сменил, за да може да игра повеќе време во тимот на Борнмаут. Челзи моментно има 49 поени, додека Борнмут досега освои само 25 бодови. 

Најново во Меѓународен Фудбал