ДОБРИ ВЕСТИ ЗА МАНЧЕСТЕР СИТИ

Брз кам-бек на Гундоган

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган, сепак, нема сериозна повреда на левото колено и се очекува брз кам-бек на терените

објавено: 21 септември 2017 - 23:20

Гундоган, кој настапи првпат за Сити од декември по операцијата на десното колено, беше повреден во Лига куп дуелот со Вест Бромвич Албион во средата, по што германскиот репрезентативец беше на детални прегледи во центарот на Сити.

„Прерано е да се дава временска рамка за враќањето од повредата, но очекуваме тој да почне со тренинзи во наредните денови“, објави англискиот премиерлигаш.

Реален датум за враќање на Гундоган би бил гостувањето кај Челси на 30 септември.

Најново во Меѓународен Фудбал