ОВА ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПОИНАКВА СЕЗОНА

Бунт во Арсенал

Арсенал и оваа сезона ја отвори катастрофално, по три кола во Премиер-лигата има само три бода. 

објавено: 29 август 2017 - 09:50

Оваа сезона требаше да биде поинаква за Арсенал. Наместо да се бори за титулата, „топчиите“ играат разочарувачки, по само три кола во Премиер-лигата имаат три бода. Најголемиот удар дојде во последното коло, поразот од Ливерпул (4-0) на „Енфилд“ ја распали веќе лошата атмосфера.

Лошото издание на фудбалерите повторно ги разочара фановите на овој клуб, за кои најголем виновник за очајниот Арсенал е Арсен Венгер. По дуелот со Ливерпул побараа оставка на искусниот стратег.

И фудбалерите полека му вртат грб на Венгер, кој наместо да ја превземе одговорноста по поразот од Ливерпул, тој на прес-конференцијата изјави дека само лошо одиграле. Англиските медиуми пишуваат дека играчите се жалат и на тренинзите, кои секогаш се исти, како и на мотивацијата и амбициите на клубот.

Пред крајот на преодниот рок Венгер не размислува на засилувања, туку само на продавање на фудбалери. Мустафи е на излезната врата, а додека Лукас Перез би можел да замине во Депортиво. Што се однесува до новите фудбалери, дел од нив ги стави во игра во второто полувреме.

Посакуваните промени кон подобро ќе се случат на крајот на сезоната, за кога е најавено заминувањето на координаторот за трансфери, Дик Лав, кој е најголемиот виновник за промашените засилувања.

Најново во Меѓународен Фудбал