ПРВ ДЕЛ ОД 21. КОЛО ОД ПРЕМИЕР ЛИГАТА

Бурнемаут и Вотфорд дадоа шест гола, а добија само по еден бод, Челзи не знае како против „светците“ (ВИДЕО)

Вистинско гол-шоу на почетокот на оваа 2019 година во Премиерлигата се случи на дуелот Бурнемаут-Вотфорд, каде паднаа дури шест гола.

објавено: 2 јануари 2019 - 22:55

Вистинско гол-шоу на почетокот на оваа 2019 година во Премиерлигата се случи на дуелот Бурнемаут-Вотфорд, каде паднаа дури шест гола.
За 27 минути од играта гостите со двата гола на капитенот Трој Дини, победоа со (2:0), Но во наредните 13, дојдоа дури три гола за домаќините, за кои погодија Аке (34), Вилсон (37) и Фрејзер. Сето тоа во временски интервал од само шест минути.
Меѓу нов „се смести" и Сема, кој за момент го врати водството на гостинската страна.
Но на полувремето останаа тие величенствени (3:3).
По два гола на двете страни дадоа и фудбалерите на Вест Хем и на Брајтон.
За разлика од дуелот во Бурнемаут, овде головите дојдоа по големиот одмор. Прво два за гостите. Погодија Стивенс во 56 и Дафи, две минути подоцна.

 Но Вест Хем се врати на идентичен начин. Нивниот вечерашен херој се вика Марко Арнаутовиќ, кој реализираше исто так во растојаните од две минути (66. и 68. минута). За нерешени (2:2)

Барнли го изненади Хадерсфилд на негов терен (2:1), како и Кристал Палас - Вулверхемптон. „Волците" ги шокираше Џонтан Ају со голот во 87.минута од играта. Победата ја потврди, со успешно реализираниот пенал во четвртата минута од судиското продолжение Лука Миливојевиќ.

 Изненадување на овој прв дел од ова 21 премиерлигашко коло секако се оние (0:0) на средбата во „Стемфорд Бриџ", Челзи – Саутемптон.

Многу оспоруваниот Ромело Лукаку конечно погоди за Јунајтед. На гостувањето во Њукасл, белгискиот репрезентативец го стори тоа во 64.минута од дуелот со „страчките". Ги дотолчи Рашфорд со погодокот во 80.минута. За продолжение на победоносната серија на „црвените ѓаволи“' под водство на Оле-Гунар Солскјер.

 РЕЗУЛТАТИ: Бурнемаут – Вотфорд 3:3, Челзи – Саутемптон 0:0, Хадерсфилд – Барнли 1:2, Вест Хем-Брајтон 2:2, Вулверхемптон – Кристал Палас 0:1, Њукасл – Манчестер Јунајтед 0:2

 

 

 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал