ВО ПРЕСМЕТКАТА НА ДВАТА ПРЕТХОДНИ АНГЛИСКИ ШАМПИОНИ

Челси се враќа со три бода од Лестер

Челси стигна до важна гостинска 2:1 победа над Лестер, за шампионите да покажат дека се во добра форма, додека до прва победа во Премиерлигата стигна Арсенал, по убедливите 3:0 против Бурнемаут

објавено: 9 септември 2017 - 18:09

Алваро Мората во финишот на првото полувреме, и Н’Голо Канте во првите минути од второто полувреме донесоа водство за „Сините“ од 0:2, пред Џејми Варди во 62. минута со гол од пенал да ги направи интересни последните половина час игра.

Арсенал со двата гола на Дени Велбек и првиот на Александер Лаказет стигна до рутинска победа над Бурнемаут, а и нивните соседи од северен Лондон, Тотенхем беа убедливи, „решавајќи“ го Евертон на гости со импресивни 3:0.

На врвот на табелата останува Манчестер сити по „газењето“ на Ливерпул со 5:0, со 10 поени, но Манчестер јунајтед во 18.30 игра со Стоук и има шанса да го продолжи совршениот старт на сезоната со четврта победа во низа.

 

АРСЕНАЛ - БУРНЕМАУТ 3:0

Велбек 6’, 50’, Лаказет 27’

БРАЈТОН & ХОУВ - ВБА 3:1

Грос 45’, 48’, Хемед 63’ - Морисон 78’

ЕВЕРТОН - ТОТЕНХЕМ 0:3

Кејн 28’, 46’, Ериксен 42’

ЛЕСТЕР - ЧЕЛСИ 1:2

Варди 62’ (п) - Мората 41’, Канте 50’

САУТЕМПТОН - ВАТФОРД 0:2

Дукуре 38’, Џенмат 66’

Најново во Меѓународен Фудбал