Како да им објасните на навивачите што е расизам?

Челзи ќе ги носи навивачите на образовни тури во Аушвиц

објавено: 11 октомври 2018 - 20:00

Челзи сака да ги испрати своите навивачи кои се однесуваат расистички на трибините на посебна тура до  логорите на смртта на нацистите во Аушвиц. Ова е дек од обидот на лидерите на тимот од Лондон, да се бори против антисемитизмот кај нивната публика.

Британскиот весник „Сан“ објваи дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, официјално ќе им понуди на навивачите да го посетат логорот во Полска за образовни цели. Во минатиот век, во Аушвиц, нацистите одзедоа над 1.1 милион животи.

Претседателот на лондонскиот клуб Брус Бак верува дека односот на навивачите кон антисемитизмот може да се промени преку слични посети, а не преку забрана за присуство на фудбалски натпревари.

„Ако само ги казнуваш со забрана за посета на стадионите, ти фактички не ги менуваш. Вакви и слични патувања ќе им помогнат на луѓето да сфатат што точно направиле. Можат да размислат и да се однесуваат подобро“, изјавил Бак.

Јавноста во Англија остро ги критикува навивачите на Челзи поради антисемитските извици и скандирања кон навивачите на Тотенхем на натпреварите меѓу двата тима.

Најново во Меѓународен Фудбал