НЕМА „ЗИМА“ ЗА АНГЛИСКИОТ ШАМПИОН

Челзи ќе има 233 милиони евра за трошење, носи ѕвезда од Монако

Лондончани се подготвен да го купат Тимуе Бакајоко од тимот од малото кнежество

објавено: 19 мај 2017 - 14:55

Бужетот на англискиот првак Челзи, за трошење во летниот преоден рок ќе биде неверојатни 233 милиони евра. Од новата сезона, лондончани се враќаат во Лигата на шампионите, а тренерот Антонио Конте верува дека ќе создаде тим кој ќе може да се бори за европскиот трон. 

Една од првичните цели на Челзи е на „Стемфорд Бриџ“ да биде доведен Тимуе Бакајоко од Монако. За него ќе бидат предложени 50 милиони евра, плус напаѓачот Миши Батцуани, кој ќе си замине од Лондон.

Младиот 22-годишен Бакајоко одигра 50 меча за новиот француски првак сезонава, во сите натпреварувања. Даде три гола, а имаше и една асистенција и со добрите игри го привлече вниманието на повеќе европски клубови. 

Најново во Меѓународен Фудбал