Португалецот заработил богатство

Челзи откри колку му исплатил на Мурињо за отказот

Тринаесет месеци по разделбата со Жозе Мурињо, Челзи откри колку му платил на Португалецот за раскин на договорот. 

објавено: 14 јануари 2017 - 09:50

Жозе Мурињо пред 13 месеци се раздели со Челзи, а „сините" дури сега открија колку му платиле на Португалецот за раскин на договорот.

 

По девет порази во 16 одиграни натпревари во Премиер-лигата, челниците на Челзи одлучија да се разделат со Мурињо. Ваквата одлука, лондонскиот клуб го чинеше 8,3 милиони фунти. Челзи добро мина особено ако се земе во предвид дека Португалецот имаше четиригодишен договор според кој требало да заработи дури 52 милиони фунти. Сепак тој одлучил да му помогне на својот некогашен клуб.

Шест месеци по разделбата со Челзи, Мурињо застана на „кормилото" на Манчестер Јунајтед, со кого заостанува на 10 бода зад својот некогашен клуб.

Најново во Меѓународен Фудбал