НОВА ПОБЕДА ВО ДЕРБИ МЕЧ НА ЛИДЕРОТ

Челзи покажа зошто ќе биде шампион

Лондончани со 2:1 славеа против Манчестер Сити и се зацврстија на лидерската позиција

објавено: 5 април 2017 - 22:54

Челзи е чекор поблиску до нова титула во Премиерлигата. Лондонскиот тим победи со 2:1 во дербито против Манчестер Сити. Еден Азар ги даде двата гола за домаќините и тоа уште во првото полувреме.

Челзи поведе во 10 минута, а сити преку Агуеро во 26 израмни на 1:1. Потоа Азар имаше шанса од пенал за ново водство, но неговиот удар го одбрани гостинскиот голман. сепак од одбиената топка, белгискиот репрезентативец погоди за 2:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Ливерпул повторно се изрезили и одигра само 2.2 против Борнмаут. Тотенхем со пресврт во псоледните неколку минути стигна до три бода против Свонси со 3:1. Гостите сите три гола ги дадоа во периодот од 89 минута, па до крајот на средбата.  

Најново во Меѓународен Фудбал