СТИГНА ПОТВРДА И ОД ЛОНДОН

Челзи за 58 милиони фунти го купи Мората од Реал

Шпанскиот репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во англискиот првак

објавено: 20 јули 2017 - 09:07

Конечно се стави крај на шпекулациите околу тоа каде ќе игра Алваро Мората следната сезона. Шпанскиот репрезентативец реши да си замине од Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во Челзи. Англискиот првак се согласи да плати 58 милиони фунти за реализација на овој трансфер. 

„Многу сум среќен. Заминувам во Челзи, клуб кој секогаш сакал да ме види во нивните редови. Не сум разочаран од Реал Мадрид. Тоа е клуб со кој сум освоил четири титули. Сега размислувам само за тоа кога ќе го облечам дресот на Челзи. Сакам да растам како играч“, рече Мората. 

Мората беше разочаран од минутажата која ја добиваше во Реал Мадрид и побара да си замине. Повеќе европски клубови се интересираа за него, но на крајот Челзи е тој кој успеа во своите намери. Англискиот првак беше во потрага по квалитетен играч во нападот, кој треба да биде замена за Диего Коста.

Сега на местото на еден шпански репрезентативец, на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа друг шпански играч. Англиската Премиерлига ќе биде трето големо првенство во кое Мората ќе настапува. Во периодот од 2014 до 2016 година играше за најтрофејниот италијански клуб Јувентус. 

Најново во Меѓународен Фудбал