Долго чекаа

Чудесен подвиг на Барнли, го победија Челзи во Лондон по половина век чекање

Шампионот на Англија, Челзи ја почна одбраната на титулата со сензационален пораз од Барнли на домашен терен со 2:3. Вејн Руни погоди за Евертон во првиот официјален меч по кам-бекот во клубот од Ливерпул, а Хадерсфилд вечно ќе се сеќава на деби мечот во Премиерлигата и феноменалната победа од 3:0 против Кристал Палас

 

објавено: 12 август 2017 - 18:03

Шампионот на Англија, Челзи ја почна одбраната на титулата со сензационален пораз од Барнли на домашен терен со 2:3. Вејн Руни погоди за Евертон во првиот официјален меч по кам-бекот во клубот од Ливерпул, а Хадерсфилд вечно ќе се сеќава на деби мечот во Премиерлигата и феноменалната победа од 3:0 против Кристал Палас.

Челзи почна лошо со Барнли, а гостите ги казнуваа грешките на шампионот и со двата гола на Воукс и еден на Вард поведоа со 3:0 на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон. Патем Челзи остана и без Кејхил кој беше исклучен. Во вториот дел домаќините намалија на 2:3, пак имаше црвен картон, овојпат за Фабрегас, па головите на Мората и на Луиз беа само почесни за шампионот. Ова е прва победа на Барнли против Челзи во Лондон по таа во 1971 година.

Вејн Руни со гол со глава во 45. минута го прослави својот кам-бек во Евертон по цели 13 години и им донесе победа на „Карамелите“ од 1:0 против Стоук. Причини за славје имаа играчите и навивачите на Хадерсфилд. Во првиот историски меч за нив во Премиерлигата, го победија Кристал Палас со 3:0 на гости. Со 1:0 Вест Бромвич Албион го победи Борнмут, а без голови заврши мечот меѓу Саутемптон и Свонси.

Најново во Меѓународен Фудбал