Доминација на домашните екипи

Црвените ѓаволи делат лекции, Кристал Палас остана без погодок

Манчестер јунајтед им се врати на победите во Премиерлигата и со 4:0 го декласира Кристал Палас, екипа која нема погодок по 7 гола и е со катастрофална гол-разлика

објавено: 30 септември 2017 - 17:57

Манчестер јунајтед дели лекции во Премиерлигата и со 4:0 го декласира Кристал Палас, екипа која нема погодок по 7 гола и е со катастрофална гол-разлика од 0:17.

Маруан Фелаини со два гола беше јунак во новата победа на Јунајтед, а Мата и Лукаку по еднаш се запишаа во листата на стрелците. Гостите од Лондон продолжија со катастрофалните изданија и се единствената екипа во Топ-5 лигите без погодок и со дури 17 примени гола, речиси три по натпревар.

Резултати од натпреварите од 16 часот: Манчестер јунајтед - Кристал Палас 4:0, Стоук - Саутемптон 2:1, Вест Хем - Свонси 1:0, ВБА - Ватфорд 2:2, Борнмут - Лестер 0:0.

 

Најново во Меѓународен Фудбал