САЛАХ И ВАН ДАЈК ГИ УЛОВИЈА „ВОЛЦИТЕ“

„Црвените“ ќе го дочекаат Божиќ на првото место (видео)

„Црвените" го совладаа Вулверхемптон на „Мулино" со 2:0 во првиот меч од 18.коло на Премиер лигата

објавено: 21 декември 2018 - 23:07

Со оваа победа фудбалерите на Ливерпул си обезбедија прво место на табелата најмалку до Божиќ. „Црвените" дојдоа до победата над Вулверхемптон со 2:0 со головите на Мохамед Салах и Виргил Ван Дајк, а сега можат спокојно да го дочекаат Божиќ.
Да се потсетиме и на историјата. Претходните четири екипи кои биле на чело на табелата на 25. декември потоа ја освоиле и титулата. Сепак Ливерпул во сезоните 2008-09 и 2013-14 беше прв на Божиќ но на крајот ја загуби битката. Четата на Јирген Клоп се надева дека нема да ја повтори грешката на своите претходници.

 

Најново во Меѓународен Фудбал