Поранешниот англиски репрезентативец со интересен став

„Да го тренираше Ферги, Погба ќе беше најдобар фудбалер во светот“

објавено: 4 октомври 2018 - 17:30

Поранешниот фудбалер на Манчестер Ј., Мајкл Овен даде интересно размислување за еден од најозборуваните фудбалери во англија во последните две недели, Пол Погба. Французинот кој има големи проблеми во комуникацијата со менаџерот на тимот, Жозе Мурињо, и натаму е во дел од гласините за заминување од „Олд Трафорд" оваа зима.

„Мислам дека Погба е одличен играч, но неговата игра во последно време е разочарувачка. Со оглед на неговата возраст, тој мора да биде многу позрел отколку што е сега. Стабилноста доаѓа со искуство, но во овој случај, олеснителна околност за Погба е само неговиот однос со тренерот. Под водство на Фергусон, тој ќе беше најдобриот играч во светот", смета Овен.

Под водство на Мурињо многу други играчи кои подоцна станаа први ѕвезди во своите тимови, беа сосема просечни. Листата е долга: Мохамед Салах, Кевин Де Бруин, а сега о Пол Погба и Алексис Санчез.

Најново во Меѓународен Фудбал