Младиот италијански голман е пред преселба во Англија

Донарума со трансферот во Манчестер сити ги урива сите граници во фудбалот

Премиерлигашот, според Скај спорт, е подготвен да плати измеѓу 120 и 150 милиони евра за трансферот на младиот голман

објавено: 22 март 2017 - 14:41

Џанлујџи Донарума важи за еден од најталентираните фудбалски голмани во светот. Тој иако има 18 години, зад себе има две професионални сезони зад себе во дресот на Милан, а во меѓувреме дебитираше и за италијанската А репрезентација.

Според информациите до кои дојде британскиот Скај спорт, премиерлигашот Манчестер сити е подготвен да издвои од 120 до 150 милиони евра за овој трансфер.

Со тоа, Донарума ќе стане најскапоплатениот играч во светот, поместугајќи ги границите кои го постави Пол Погба минатото лето.

Како што е познато, Пеп Гвардиола со „граѓаните" има проблем на голманската позиција. Џо Харт беше испратен на позајмица во Торино, додека на негово место беше доведен Клаудио Браво. Сепак, Чилеанецот брани лошо и го загуби првотимскиот статус. Во моментов, прв голман на Манчестер сити е Вили Кабаљеро.

Трансферот на Донарума ќе значи решавање на овој проблем за најмалку една деценија. Останува да се види дали овие информации се вистинити, или, пак, се работи за само обична медиумска шпекулација.

Најново во Меѓународен Фудбал