Трилер во ФА купот

Драма во Лондон, Тотенхем го фати последниот воз

Тотенхем и нуисколигашот Викомб одиграа трилер меч во ФА купот на Англија, а во драматична завршница премиерлигашот мина понатаму со победа од 4:3

објавено: 28 јануари 2017 - 18:18

Тотенхем и нуисколигашот Викомб одиграа трилер меч во ФА купот на Англија, а во драматична завршница премиерлигашот мина понатаму со победа од 4:3.

Јужнокореецот Сон со гол во седмата минута од судиското продолжение му донесе на Тотенхем пласман понатаму, а Викомб има за што да жали. Аутсајдерите водеа со 2:0, потоа и со 3:2 до 89. минута, но Али и Сон со по еден погодок донесоа радост во Лондон и пробив во осминафиналето на нацио0налниот англиски куп.

 

Најново во Меѓународен Фудбал