НОВА ПОРАКА ЗА ФРАНЦУЗИНОТ

ДУРИ И НА ОЛИМПИЈАДАТА: „Арсеналовци" се против Венгер

Навивачите на Арсенал без никави предуслови бараат смена на Арсен Венгер. Повиците стануваат се погласни, и ги има се повеќе и повеќе...

објавено: 14 февруари 2018 - 11:45

Своето незадоволство со Французинот го покажуваат на секој натпревар, а во својата борба одлучија за тоа да ги искористат и актуелните случувања на Зимските олимписки игри.

Еден навивач на „топчиите" гледаше натпревар од брзо лизгање. И притоа го забележа Швајцарецот Ливио Венгер, кој интересно нели, има исто презиме како и Арсен Венгер.
И иако Венгер ја заврши оваа трка (на 5.000 метри) на 17. место, а онаа на 1.500 метри беше уште полошо пласиран, Швајцарецот испадна од понатамошното натпреварување, па навивачите на Арсенал веднаш го забележаа тој момент „Венгер-аут".


Или паролата со која се бора за заминување на францускиот тренер од „Емирејтс".
Ако му се верува на „Дејли Мејл", тогаш таа нивна борба може да донесе и резултат. Затоа што менаџерскиот тим на Арсенал сериозно размислува за промена на тренерската позиција. Особено ако оваа сезона не успее да обезбеди место во лигата на Шампионите, на Венгер му се подготвува отказ, иако договорот му е валиден и за наредната сезона.

 

Најново во Меѓународен Фудбал