ДЕНЕСКА Е ДЕН ЗА ПОБЕДИ ОД 1:0 НА ДОМАЌИНИТЕ

Две торпеда за победи на Манчестер и Саутемптон (Видео)

По триумфот на Челзи, победи благодарение на еден постигнат гол забележаа и Манчестер Јунајтед и Саутемптон

објавено: 11 декември 2016 - 17:18

Навивачите на „Олд Трафорд“ конечно се израдуваа на триумф на нивните миленици. Манчестер Јунајтед минимално со 1:0 славеше против Тотенхем и ги задржа шансите за висок пласман во Премиерлигата. Хенрих Мхитарјан беше стрелец на единствениот гол и тоа уште во 29 минута.

Ерменскиот репрезентативец силно шутираше и ја „искина“ мрежата на гостите. На крајот тоа се покажа како клучен момент на средбата. Со оваа победа, Манчестер конечно ја прекина низата од четири меча на кои играше нерешено на свој терен.

Тимот на Жозе Мурињо остана на 13 бода зад лидерот Челзи, кој денеска исто така со само еден даден гол се радуваше на победа против Вест Бромвич Албион. Еден гол му беше доволен и на Саутемптон кој дома се радуваше против Мидлсбро со погодокот во второто полувреме. 

Најново во Меѓународен Фудбал