Прва смена во Премиерлигата

Двоен зијан за Кристал Палас по отказот за Франк Де Бур - Гол-разлика 0:7 и буџет покус за 5,5 милиони евра

Холанѓанецот Франк де Бур е првиот менаџер што доби отказ во новото издание на Премиерлигата, а Кристал Палас прв се одлучи за смена на клупата. И секако ќе има двоен зијан, бидејќи е на дното без бодови и мора да плати „солена“ отштета

објавено: 11 септември 2017 - 14:52

Холанѓанецот Франк де Бур е првиот менаџер што доби отказ во новото издание на Премиерлигата, а Кристал Палас прв се одлучи за смена на клупата.

Клубот од Лондон нема ниту еден бод и не постигна гол во првите четири кола, па јасна е причината за разделбата. Палас има гол-разлика 0:7 и ќе мора да бара нов менаџер.

Де Бур ќе добие отштета од цели 5 милиони фунти, или 5,5 милиони евра, но сериозно му е нарушен рејтингот као тренер, бидејќи и претходно имаше слична, куса и неуспешна авантура и во калчолигашот Интер.

Топ фаворит за нов менаџер на Кристал палас е поранешниот англиски селектор Рој Хоџсон. Се очекува тој да го замени Де Бур и да потпише двегодишен договор со клубот.

Најново во Меѓународен Фудбал