„ЛОШОТО МОМЧЕ“ СО ИНТЕРЕСНА ТЕОРИЈА

Џои Бартон: Јунајтед ќе биде шампион, бидејќи Сити не може да игра на ладно

Еден од најконтроверзните играчи во Англија вели дека Жозе Мурињо е вистински победник

објавено: 27 септември 2017 - 09:48

Лошото момче во англискиот фудбал, Џои Бартон е убеден дека Манчестер Јунајтед ќе биде новиот првак на Англија и тоа пред градскиот ривал Сити. Бартон има интересно објаснување за тоа зошто Јунајтед е поблиску до тронот, отколку „граѓаните“. 

„Го сакам Манчестер Јунајтед бидејќи на клупата имаат тренер кој е вистински победник. Тој знае како да се победва. Мислам дека кога времето ќе стане студено и ќе се натрупаат многу мечеви за игра во краток период, Манчестер Јунајтед ќе се справи многу подобро, бидејќи играчите се одлично физички подготвени. Ако се сеќавате минатата сезона сити започна многу добро, но потоа дојде студеното време. Јужноамериканските фудбалери не го сакаат ладното време“, заклучи Бартон. 

Најново во Меѓународен Фудбал