Има само уште еден услов до комплетен договор

Елиминација на ПСЖ на Солскјер ќе му донесе постојан договор со Јунајтед

Извори од клубот тврдат дека семејството Глејзер го чека исходот од осминафиналето во ЛШ пред да му понуди нов договор на норвешкиот стратег.

објавено: 2 февруари 2019 - 13:15

Оле Гунар Солскjeр ќе остане на чело на Манчестер Јунајтед и следната сезона, под услов да го елиминира ПСЖ од Лигата на Шампионите во 1/8-финалната фаза, тврдат извори од клубот. Според информациите кои се појавија денеска, манчестер Ј. со нетрпение ги чека пресметките со францускиот шампион во Лигата на шампионите, а Норвежанецот дефинитивно го зголеми оптимизмот меѓу навивачите по извонредниот почеток на својот престој на клупата на „ѓаволите“.

Под негово раководство „Црвените ѓаволи“ победија на првите 8 натпревари, но раководството остана импресионирано и од ремито со Барнли пред неколку дена, кога тимот губеше со 2:0 и во последните минути со упорна и пожртвувана игра се избори за бод.

Шефот Ед Вудворд имал разговор со Солскјер неодамна во тренинг база и му честитал за постигнатиот резултат до овој момент. Тој му споменал дека во него гледаат иднина на клубот.

„Оле сè уште не добил понуда, а последниот збор ќе го има семејството Глејзер. Чувството е дека Солскјер ќе ја добие работата веднаш по елиминација на ПСЖ ", изјавил извор од клубот.

Најново во Меѓународен Фудбал