ГЕРМАНСКИОТ СТРАТЕГ ЈА ИЗНЕНАДИ ЈАВНОСТА

„ЕНФИЛД“ ПОСЛЕДНА СТАНИЦА: Клоп најави „пензија“ по Ливерпул

Германскиот стручњак, Јирген Клоп ја изненади јавноста, откако најави дека англискиот клуб најверојатно ќе биде последен во неговата кариера. 

објавено: 17 април 2017 - 22:40

Јирген Клоп својата кариера ја започна во Мајнц, а потоа го водеше тимот на Борусија Дортмунд, со која освои две титули во Бундеслигата и дојде на чекор до трофејот во Лигата на шампиони.

На „кормилото" на Ливерпул застана во октомври 2005 година на местото на Брендон Роџерс.
Германскиот стручњак денеска најви дека „Енфилд" би можел да биде последната страница во неговата кариера.

„Во текот на кариерата нема да водам десет различни клубови. Шансите да останам на три ни малку не се мали. И претходно кажав дека нема да бидам тренер кој постојано ќе менува клубови. За мене секогаш било лесно да се посветам на она што го работам, бидејќи секогаш имам долги проекти", изјави Клоп.

„Црвените" во моментов се наоѓаат на третото место во Премиерлигата, а минатата сезона не освоија ниту еден трофеј, иако играа во финалето на Лига Купот и Лига Европа. Но, Клоп смера дека тој трофеј ќе дојде до крајот на договорот, поточно 2020 година.

„Доколку го исполнам договорот со Ливерпул, постои голема шанса дека ќе освојам нешто со овој тим. Луѓето од Ливерпул очекуваат трофеи".

Најново во Меѓународен Фудбал