Марко Силва не може глава да крене од отсуства

Евертон без 12 играчи на мечот со Вест Хем?!

Португалскиот стратег не знае со кој тим ќе располага за мечот в недела на „Гудисон Парк“. Дузина фудбалери се на листата на повредени, а најдобриот стрелец е суспендиран.

објавено: 13 септември 2018 - 10:00

Менаџерот на Евертон, Марко Силва, има огромни проблеми во пресрет на дуелот со Вест Хем во англиската Премиер лига овој викенд. „Карамелите" се соочуваат со можно отсуство на дури 12 фудбалери кои се на листата на повредени и суспендирани.

Бразилецот и најдобар стрелец на тимот, Ричарлисон ќе го „отспие" првиот од трите натпревари под суспензија по директниот црвен картон заработен на средбата со Бурнмаут во 3. коло. Тео Волкот има проблем со препоните, додека Доминик-Калверт Левин претрпе повреда на зглобот на натпреварот на младинскиот тим на Англија од 21 година.

Повредени се и Џејмс МекКарти, Мајкл Кин, Фил Јагиелка и Андре Гомеш. Идириса Геј продолжува да се опоравува од повредата на коленото, а младиот Бени Бенинг има проблем со глуждот. Џери Мина исто е во аут поради повреда на скочниот зглоб. Бразилецот Бернард, пак, страда од мускулна повреда, додека Колман има проблем со физичката подготовка.

Најново во Меѓународен Фудбал