Поради нелегално ангажирање на Марко Силва

Евертон може да биде исфрлен од Премиер лигата?!

Премиер лигата одреди независни адвокати кои треба да го завршат судскиот спор меѓу Евертон и Ватфорд за менаџерот марко Силва. Ако „карамелите“ бидат прогласени за виновни ќе останат без бодови, но може да бидат исфрлени и од лигата.

објавено: 14 септември 2018 - 12:15

Англискиот премиерлигаш Евертон може да биде санциониран со одземање на бодови доколку се покажат како точни обвинувањата за нелегален начин на кој го ангажираа сегашниот менаџер на тимот, Марко Силва. Силва, кој претходно беше тренер на Ватфорд, дојде ова лето на кормилото на „карамелите", а неговиот поранешен тим веднаш ги обвини ливерпулци за нелегално преземање на менаџерот.

Од Премиерлигата оставија двете страни да го решат проблемот меѓу себе, па целата приказна отиде на суд. Според некои англиски весници, сега двата клуба со независни адвокати кои беа ангажирани од раководството на Премиер лигата се пред судски спор од кој се очекуваат конечните пресуди.

Ако Евертон биде прогласен за виновен, тогаш клубот се соочува со голема парична казна, па дури и испаѓање од елитата, нешто што досега е невидено за натпреварување како што е англиската Премиер Лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал