НА „ГУДИСОН ПАРК“ СЕ СИГУРНИ

Евертон веќе го брои Руни како нов играч

„Карамелите“ се сигурни дека напаѓачот ќе се врати да ја заврши кариерата, во клубот каде што ја започна

објавено: 5 јули 2017 - 10:48

Англискиот премиерлигаш Евертон е уверен дека во текот на летниот период ќе успее да го доведе Вејн Руни од Манчестер Јунајтед. Капитенот на „црвените ѓаволи“ е пред заминување, а според најавите, голгетерот ќе се врати во клубот каде што започна како тинејџер.

Руни уште на 16 години дебитираше за Евертон во Премиерлигата, кога и го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ помина повеќе од една деценија и стана вистинска легенда на клубот. Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед. 

Сепак, минатата сезона капитенот беше во пасивна улога и се поверојатно е негово заминување од клубот. Евертон сака да го доведе играчот во клубот каде што започна, па останува да се види до крајот на летово дали ќе има реализација на овој трансфер. 

Најново во Меѓународен Фудбал