МИНАА ЛЕСНО

ФА го казни Манчестер Сити

Манчестер Сити пред десет дена се збогува од ФА Купот, откако доживеа шокантен пораз од третолигашот Виган кој славеше со 3-0.

објавено: 3 март 2018 - 09:00

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Виган го одбележаа неколку инциденти, кои беа претежно предизвикани од страна на „граѓаните". Се почна на полувремето кога во тунелот, малку недостасуваше Пеп Гвардиола и Пол Кук физички да се пресметаат.

Тука не застана, на крајот на мечот навивачите влегоа во теренот за да ја прослават победа на Виган, а Серхио Агуеро се обиде да се пресмета со еден од нив. Многумина очекуваа жестока казна за Манчестер Сити, но овој пат ФА попушти.

„Мачестер е казнет со 50.000 фунти поради пропустот по мечот со Виган. Инцидентот се случи во рамките на ФА Купот против Виган", соопштија од ФА.

Најново во Меѓународен Фудбал