Доби поголема казна од Ибрахимовиќ

ФА го казни Мингс со пет средби (ВИДЕО)

Фудбалерот на Борнмаут кој го згазна по лицето Ибрахимовиќ доби казна од пет натпревари од страна на англиската федерација

објавено: 9 март 2017 - 11:15

Дефанзивецот на Борнмаут, Тајрон Мингс доби суспензија од пет натпревари поради инцидентот на мечот против Манчестер јунајтед.

Дисциплинската комисија при ФА ја донесе одлуката по сослушувањето на играчот. Мингс, на последната средба го згази Златан Ибрахимовиќ по лицето додека овој лежеше на теренот. Популарниот Ибракадабра не остана рамнодушен и неколку минути подоцна го удри со лакт.

Поради ваквиот потег, Швеѓанецот ќе мора да ги пропушти наредните три дуели на „црвените ѓаволи".

Најново во Меѓународен Фудбал