ВЕЌЕ НЕМА ДИЛЕМИ

ФЕЛАИНИ ОСТАНУВА ВО ЈУНАЈТЕД: Ќе добива по 100.000 фунти неделно

Играчот од средниот ред се согласи на продолжување на договорот со „црвените ѓаволи", според кој ќе добива по сто илјади фунти седмично...

објавено: 28 јуни 2018 - 09:30

Како што пренесува ЕСПН, Маруан Фелаини, кој во по вој момент се наоѓа во Русија, како дел од селекцијата на Белгија, успеал да ги наговори челниците на клубот да му ја зголемат платата, односно да добие подобри услови.

Иако сеуште не е офизијализирано, потврдата се очекува во недела, на 1.јули, кога Фелаини најави обраќање пред медиумите, ставен е крај на сите шпекулации кои пред се, го селеа „бушавиот" фудбалер надвор до Премиер лигата.
Пред се затоа што за неговите услуги се интересираа екипи како Милан, ПСЖ, Марсеј, но и Арсенал, како и некои екипи од Турција и Кина.
Сепак, после подобрената понуда од „Олд Трафорд", Белгиецот се согласи на продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед.
Претходно тој ги одбиваше предлозите на менаџерскито тим на „црвените ѓаволи" за едногодишна соработка, бараше најмалку две. Сепак, пресече менаџерот Жозе Мурињо, кој едноставно им рекол на раководните луѓе на клубот дека Фелаини му е потребен и за наредниот период,
Во својата кариера, Фелаини настапуваше за Стандард од Лиеж, потоа и за Евертон од каде во 2013 година премина во Манчесгтер Јунајте.д

 

Најново во Меѓународен Фудбал