ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ЈУНАЈТЕД ЌЕ ИМА СТАТУС НА ПРВОТИМЕЦ

Фосу-Менса заврши во Кристал Палас

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Тимоти Фосу-Менса ќе гради премиерлигашко искуство во тимот на Кристал Палас на едногодишна позајмица

објавено: 10 август 2017 - 21:30

Франк де Бур успеа да го убеди Фосу-Менса да дојде во Лондон, каде што ќе го носи дресот број 24 и ќе биде редовен во составот.

„Менаџерот ме убеди да дојдам во Кристал Палас и беше јасно дека сака да бидам дел од неговиот тим и тоа ми дава одлично чувство. Довербата морам да ја оправдам со добри перформанси. Имам 19 години и многу за учење и се надевам дека на Селхарст парк ќе го добијам тоа“, вели Фосу-Менса.

19-годишниот Холанѓанец ќе работи со сонародникот Де Бур во Премиерлигата, и ќе има место во одбраната заедно со Џоел Ворд и Мартин Кели.

Најново во Меѓународен Фудбал