ВО АНГЛИЈА СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ПРОМЕНИ

Фудбалерите во Премиер сами да си ги плаќаат агентите

Ѕвездите од Премиер лигата можеби ќе треба сами да си ги плаќаат високите провизии на своите агенти, ако биде усвоен правилникот за трансфери во Англија

објавено: 14 септември 2018 - 21:30

Во моментов тој товар паѓа на грбот на клубовите кои, според статистиката, минатата година платиле повеќе од 220 милиони фунти на посредници. Самите клубови бараат промена, иако истата ќе донесе и зголемување на платите на фудбалерите. Од друга страна клубовите веруваат дека на тој начин самите агенти ќе ги намалат високите финансиски побарувања.

Еден од најпознатите примери за грандиозен хонорар, кој клуб му ја платил на агент за трансфер на негов клиент, е трансферот на Пол Погба во Манчестер јунајтед. Мино Рајола заработил дури 41 милион фунти од зделката. Ако биде усвоен предлогот агентот ќе си ја бара таа сума од самиот фудбалер.

Една од целите на Премиер лигата е да се намали бројот на играчи кои постојано бараат трансфери и да ги спречат посредниците да ги убедуваат своите клиенти често да ги менуваат клубовите.

Најново во Меѓународен Фудбал