Арсенал веќе има нов тренер

Германски „Билд“ го објави наследникот на Венгер

Додека Арсен Венгер е несигурен околу својата иднина, германски „Билд“ го објави името на неговиот наследник. 

објавено: 20 март 2017 - 09:38

Арсен Венгер ја одработува својата последна година од договорот со Арсенал. Иако Французинот и натаму молчи околу неговите планови со „топчиите“, германски „Билд“ веќе го објави името на неговиот наследник.

Тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел е новиот наследник на Венгер, „Билд“ пишува дека Арсенал веќе има потпишано договор со него. Германецот веќе долго време се поврзува со англискиот тим.

Во 21. години минати на „кормилото“ на Арсенал, за Венгер оваа сезона е една од најлошите, тој веќе одамна ја нема поддршката од фановите на клубот, а од скоро време се шпекулира и дека дел од играчите му го свртеле грбот.

Французинот за кого се шпекулира дека има понуда од ПСЖ, најави дека наскоро ќе ја соопшти својата одлука. 

Најново во Меѓународен Фудбал