Експресно, па потоа одмараа

Ѓаволски 20 минути на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед експресно со два гола за 20 минути ги разреши сите дилеми околу победата против Свонси и го задржа второто место во Премиерлигата

 

објавено: 31 март 2018 - 18:12

Манчестер јунајтед експресно со два гола за 20 минути ги разреши сите дилеми околу победата против Свонси и го задржа второто место во Премиерлигата.

Со головите на Лукаку и на Санчез „црвените ѓаволи“ рутински славеа против ривалот кој бие битка за опстанок.

Значајна победа од 3:0 во директна битка за избегнување на опасната зона забележа Вест Хем против Саутемптон, а на гости славеа Лестер против Брајтон со 2:0, Ливерпул со Кристал Палас со 2:1 и идентично и Барнли против ВБА. Њукасл славеше со 1:0 против Хадерсфилд, а Ватфорд ремизираше 2:2 дома со Борнмут.

Најново во Меѓународен Фудбал