Фаворитот фуриозен во финишот

Ѓаволски пет минути на Манчестер за победа од 4:0 против Свонси

Ѓаволски пет минути во финишот на мечот одиграа фудбалерите на Манчестер јунајтед и со три гола од 80. до 85. минута го декласираа Свонси со 4:0. Во првиот дел Бејли го отвори резултатот

објавено: 19 август 2017 - 15:27

Ѓаволски пет минути во финишот на мечот одиграа фудбалерите на Манчестер јунајтед и со три гола од 80. до 85. минута го декласираа Свонси со 4:0. Во првиот дел Бејли го отвори резултатот. По него на ред дојдоа и напаѓачите, а Лукаку зголеми на два гола разлика во 80. минута. Само 120 секунди подоцна Погба погоди и стави печат на триумфот на фаворитот во премиерниот меч од втората рунда во Премиерлигата.

Точка на убедливата победа стави Марсијал со погодок во 85. минута. Манчестер тргна триумфално во новиот шампионат со две победи и гол-разлика од 8:0.

Најново во Меѓународен Фудбал