За да го привлечат опасниот стрелец на Атлетико Мадрид

Ѓаволски план на Манчестер јунајтед, го нудат Михтаријан и пари за Гризман

Манчестер јунајтед е подготвен да се откаже од Хенрик Михтаријан и да понуди пари, за да го доведе во своите редови опасниот стрелец на Атлетико Мадрид Антоан Гризман

објавено: 22 ноември 2017 - 12:45

Манчестер јунајтед е подготвен да се откаже од Хенрик Михтаријан и да понуди пари, за да го доведе во своите редови опасниот стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Жозе Мурињо патем му нуди на францускиот ас стандардно место во првата постава на Манчестер јунајтед, што е одлична опција за Гризман.

Шпицот на Атлетико нема ништо против да замине и во Барселона, но конкуренција и тоа сериозна би му бил Луис Суарез. Реал Мадрид не е опција за Гризман поради големиот ривалитет со Атлетико Мадрид, а самиот играч објави дека не сака да игра во Франција, па и варијантата со Пари Сен Жермен е нереална.

 

Најново во Меѓународен Фудбал