ЧЕЛЗИ ОСЕТНО ОСЛАБЕН ВО НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦ ДЕНА

ГЛАВОБОЛКИ ЗА КОНТЕ – Канте надвор од игра на седум натпревари?

За време на репрезентативната акција на Франција, играчот од средниот ред на „сините" заработил повреда на мускулот и ќе биде на принудна пауза...

објавено: 14 октомври 2017 - 08:30

Канте му прави проблеми на Конте, и тоа сериозни...

Играчот од средниот ред на Челзи се врати во клубот од Лондон со нималку наивна повреда на мускулот заработена за време на репрезентативните тренинзи на Франција.
И иако одличниот „везист" го чекаат и подетални прегледи, најавите од клубот од „Стемфорд бриџ" велат дека Канте ќе пропушти најмалку седум мечеви колку што актуелниот англиски првак треба да ги одигра во наредните месец дена.

„Тоа е голема загуба за нас, затоа што сите добро знаеме колку Канте е важен играч. Ние немаме друг играч со такви карактеристики. Мораме да најдеме некое друго решени. Можеби и некој од дефанзивците ќе влезе на средината" - „крева раменици" менаџерот на „сините" Антонио Конте.

После паузата предизвикана со репрезентативните настапи, бранителот на титулата во Премиер лигата се среќава со екипата на Кристал Палас, и тоа на гостински терен, на „Селхрст парк".

Најново во Меѓународен Фудбал